187
Американскиот државен секретар Ентони Блинкeн најави дека подоцна денеска ќе разговара со својот руски колега Сергеј Лавров во последен обид да спречи можна инвазија на Украина, пренесе АФП.
„Продолжуваме да гледаме многу алармантни знаци на руска ескалација, вклучително и нови сили кои пристигнуваат на границите на Украина“, рече Блинкeн на прес-конференција на Фиџи.
Според него, доколку рускиот претседател Владимир Путин ја нападне Украина, САД и нивните сојузници ќе воведат строги економски санкции.
Сепак, Вашингтон се уште не знае дали Путин одлучил да изврши инвазија.
Блинкeн, исто така, се очекува да разговара со британската министерка за надворешни работи Лиз Трас подоцна денеска.