303
Исклучително е хранлива и ќе ве засити дури и ако одлучите да ја подготвите како оброк:
Состојки:
300 гр пилешко месо
300 гр мешан замрзнат зеленчук
2 моркови
1 кромид
2 чешниња лук
свеж магдонос
сол, бибер
лажица масло
100 мл павлака за готвење
Подготовка:
Кромидот и лукот се сечкаат ситно, па се пржат во масло додека не поруменат.
Додадете ги сечканиот морков и пилешкото месо и сето заедно пропржете уште 5 минути.
Додадете вода, зачини по вкус, па додадете го мешаниот зеленчук. Покријте и оставете ја супата да се готви на тивок оган 40 минути.
Кон крајот по желба додадете павлака за готвење и богато посипете со ситно сечкан магдонос.
На здравје!