Ковачевски: Остануваме посветени на учеството во операциите и мисиите на НАТО

од Vladimir Zorba
159 прегледи

На денешен ден во 2019 година, за прв пат се крена знамето на НАТО пред Владата на Република Северна Македонија. НАТО значи сигурност и безбедност, но во исто време отвара и нови перспективи, сподели премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил.

„Регионалната стабилност како и унапредената соработка со соседите и сојузниците во НАТО алијансата, но и фактот што исклучително брзо ја завршивме воената интеграција ме прави особено горд.

Остануваме посветени на учеството во операциите и мисиите на НАТО“, додава тој.