Унгарија за уште три месеци ќе ги замрзне цените на горивата и на основните намирници

од Берта Китинска
192 прегледи

УНГАРИЈА ќе го продолжи ограничувањето на цената на горивото за уште три месеци, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, што е најновата антиинфлациска мерка што ја објави неговата влада.

– Ограничувањето на цената функционираше, па го продолжуваме за уште три месеци, рече Орбан, пренесе Ројтерс.

Тоа значи дека ограничувањето на малопродажната цена на горивото до 480 форинти (1,53 долари) за литар, што требаше да истече следната недела, ќе остане на сила до 15 мај.

Соочена со растечките цени, што би можело да ја подигне инфлацијата на највисоко ниво од 2008 година, владата на Орбан ги намали основните цени на храната во февруари, продолжувајќи ги постојните ограничувања за цените на енергијата, горивото и хипотекарните заеми.

И покрај контролите на цените, унгарските потрошувачки цени се зголемија со најбрзо темпо во последните 15 години во јануари, како и базичната инфлација, што ги натера аналитичарите да сигнализираат за потребата од натамошни зголемувања на каматните стапки.

Орбан, исто така, ги ограничи каматните стапки на хипотекарните заеми до крајот на јуни, за да ги заштити должниците од зголемените трошоци за отплата, откако инфлацијата ја поттикна централната банка да ги зголеми каматните стапки повеќе од претходно очекуваното.

Слични содржини