291
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска упадна на прес конференцијата на Дарко Каевски од СДСМ пред седиштето на опозициската партија.
Каевски денеска повика на одговорност и оставки на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, после признанието на вина од страна на обвинети во судскиот процес „Титаник“.
Пратеникот на СДСМ го игнорираше упадот на Стоилковски, кој пробуваше да испровицира инцидент со прашањата и констатациите од типот: „Кај ти е Зоран Заев, кај ти е Ден Дончев бе братче?… Кажи како направи четири милиони и дали ти се во една или повеќе банки. Брза и ефикасна истрага како Дарко Каевски на 30 години има 4 милиони во банка“.