399
Во декларацијата усвоена на вчерашниот конгрес на ВМРО се сугерира владите и политичките организации во Бугарија и Република Северна Македонија да работат на формирање федерација меѓу двете земји заснована на заедничко културно и историско наследство и заеднички геополитички интереси, пренесе БНР.
На конгресот беше избрано ново раководство на партијата на чело со тројца копретседатели – Ангел Џамбаски, Искрен Веселинов и Александар Сиди.
„Интеграцијата на Македонија оди преку признавање на историската вистина, бугарските корени на денешното население и заштитата на неговите права“, се вели во соопштението.