Министерството за надворешни работи на Северна Кореја смета дека американските власти шират гласини за наводна инвазија на Русија од Украина за да го оправдаат нејзиното воено присуство во Источна Европа.
-Во последно време САД шират диви гласини за руската „инвазија на Украина“ и брзаат да испратат илјадници војници во Источна Европа. Вистинската цел на овие потези е постепена ескалација на воените тензии околу Украина и изнаоѓање изговори за оправдување за зголемување на нејзиното воено присуство, кое има за цел да ја ограничи Русија“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на севернокорејското Министерство за надворешни работи.
Севернокорејското Министерство за надворешни работи смета дека НАТО е „производ на Студената војна“, а целта на неговото постоење и проширување е „воено воздржување и потиснување на Русија“.