Владимир Путин го „боли уво“ за ризикот што го носат со себе санкциите од Запад, изјави рускиот амбасадор во Шведска, Виктор Татаринцев, зборувајќи за актуелната криза на украинската граница.
Во прилично отвореното интервју за шведскиот весник „Афтонбладет“, Татарнцев вели дека колку повеќе Западот ја турка Русија, толку посилен ќе биде одговорот на неговата земја.
„Веќе имавме толку многу санкции кои имаа позитивно влијание врз нашата економија и земјоделство. Новите санкции не се ништо позитивно, но тие не се толку лошо сценарио како што претставува Западот“, рече тој, додавајќи:
„Задоволни сме и успеавме да го зголемиме извозот. Немаме италијанско или швајцарско сирење, но научивме да правиме подеднакво добри руски сирења по италијански и швајцарски рецепти“.
Санкциите објавени од САД против Русија би можеле да бидат насочени и кон руски компании и поединци во голем број важни сектори, како што се хемиската, одбраната, рударството, ИКТ и индустриите за финансиски услуги.
Неговите коментари следат по драматичните фотографии на кои се гледа како американските членови на персоналот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) го напуштаат градот Доњецк во источна Украина.
Британските и американските власти денеска предупредија дека инвазијата на Украина е речиси сигурна, додека министерот за одбрана на Велика Британија, Бен Валас, тврди дека Кремљ е цврсто решен да изврши напад.