Страв од руска инвазија: Украински клуб ја напушти земјата

од Nikola Popovski
314 прегледи

Украинците се плашат од воена инвазија од Русија, која речиси е на повидок, па поради тоа испратија кошаркари и кошаркарки во друга земја.

Претседателот на клубот Прометеј, кој е актуелен шампион и лидер во првенството, Володимир Дубински изјави дека женскиот и машкиот тим ќе бидат на безбедно се додека не се оцени дека безбедносната состојба во државата е таква што би значело нивно враќање.

Поради тоа машкиот тим ќе тренира во Чешка, а женскиот состав во Бугарија.

-Мора да бидеме сложни од кога било. Не бегаме, бидејќи сигурен сум дека на крајот се ќе биде добро. Секако дека сите се загрижени, но сите ние кои го поддржуваме клубот, управата и тренерите, сите со нетрпение ја гледаме иднината и гледаме со оптимизам. Сигурен сум дека до 23 февруари се ќе биде решено по дипломатски пат, а следниот натпревар во Лигата на шампионите го играме во Киев на 3 март, се вели во соопштението потпишано од претседателот на клубот.

– Им кажав на играчите дека не треба да паничиме и мора да бидеме што е можно поблиску. Јас и сите членови на моето семејство, вклучувајќи ги и децата и родителите, не одиме никаде и не бегаме затоа што сум сигурен дека се ќе биде во ред и дека се ќе биде во ред во Украина, додал претседателот.