Димитриевски смета дека има простор за нова политичка партија

од Nikola Popovski

За 100 дена реализиравме повеќе од 50 проекти, но сметам дека секогаш може повеќе. Досега направивме нешто со децении не беше изградено и направено, но треба уште повеќе да ги подобриме услугите на граѓаните. Целта е околу 800 проекти за 4 години од сите сегменти, вели градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

За неговите моментални односи со премиерот Димитар Ковачевски, Димитриевски вели дека не се видел со него.

-Ова што го викате да се смириме, ме потсетува на бракоразводна парница. Постои компромис, но да постојат конкретни предлози за да се почитува договореното. Сметам дека ќе се водам по политиките како досега затоа што имам обврска кон граѓаните. Ќе се движам по тој пат. Можеби има простор за нова политичка сила. Доколку граѓаните го побараат тоа, јас ќе бидам дел од тоа ново движење, рече Димитриевски во емисијата „Студио 10“, додавајќи дека се слушнал со генсекот на СДСМ, Миле Зечевиќ, но тоа бил само „куртиозен разговор“.

-Моето барање е да се реформира СДСМ, појаснува Димитриевски.

 

Слични содржини