По четири децении брак, Даница и Лазар Ристовски се разведуваат. Имајќи предвид дека важеа за еден од најхармоничните и најдолговечните парови на јавната сцена во Србија, тешко е да се погоди што би можело да биде причина за разделбата на двајца реномирани актери.
„Не се разделивме поради друга жена или друг маж“, вели Лазар во ексклузивната исповед.
Нивната љубовна приказна започна уште во студентските денови. На првата средба меѓу Даница и Лазар се родиле емоции, а актерката често истакнуваше дека веднаш се заљубила во шармот и физичкиот изглед на Лазар.
Се венчаа во 1980 година, а во бракот добија два сина – Петар, кој е филмски продуцент и режисер и Јован, кој дипломирал економија. Постариот син е во брак со актерката Теодора Ристовски, додека помалиот Јован со сопругата Љиљана минатиот септември го добија наследникот Богдан.
Очигледно, ниту богат и исполнет семеен живот, ниту успешна кариера, ниту четириесет и неколку години под ист покрив не биле доволни за да ги одвратат Даница и Лазар да се решат да потпишат документи за развод.