Над 39.000 туристи ја посетиле Македонија во декември

од Nikola Popovski
308 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2021 година изнесува 39 222, од кои 53.0 % се домашни туристи, а 47.0 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во декември 2021 година изнесува 78 237, од кои 52.9 % се од домашните туристи, а 47.1 % од странските туристи.

Во периодот јануари – декември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 50.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 16.9 %, а кај странските зголемувањето е за 148.7 %.

Во периодот јануари – декември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 36.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13.7 %, а кај странските зголемувањето е за 165.1 %.

Слични содржини