400
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утрово информираше дека за само два месеца запленети 7 кг хероин со вредност од речиси 300.000 евра.
-Ова раководство на МВР зазема бескомпромисен став во сузбивање на недозволената трговија со дрога, продолжуваме со ефикасно откривање и неселективна борба против овие појави, додаде Спасовски.
Пред само неколку дена во две акции, полицијата заплени поголема количина дрога во Ресен и Струмица.