Спанаќ и пилешко печени во рерна, одличен ручек за целото семејство.
Состојки:
– 400 гр спанаќ
– 2 главици кромид
– 1 пилешко бело месо
– 2 чешниња лук
– сув билен зачин, сол, бибер, лист од магдонос
– половина шолја (од 2 дл) кускус
– 1,5 дл зовриена вода
Прелив:
– 2 јајца
– 1 дл јогурт
– 1 дл млеко
– малку сол
И за крај:
– пармезан за посипување
Подготовка:
Измијте го спанаќот и сварете кратко. Исцедете и изладете.
Пропржете го кромидот и пропржете го белото месо исечкано на коцки.
Потоа додадете ги зачините и на крај кускусот кој претходно сте го потопиле во врела вода неколку минути.
Половина од листовите спанаќ наредете ги во подмачкан сад за печење, преку ставете го месото со кускус.
Преостанатиот спанаќ наредете го преку кускусот.
Сè прелијте со мешавина од јајца, јогурт и млеко и посолете малку.
На крај посипете со пармезан.
Се пече во рерна на 200 степени околу 25 минути.
Пријатно!