Сакале да излезат преку „Табановце“ со лажни ПЦР тестови

од Nikola Popovski
428 прегледи

На 11 и 12.02.2022 на Граничен премин Табановце, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце и од Одделот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север откриени се 5 фалсификувани ПЦР тестови и 3 возила кои вршеле превоз на патници без соодветна документација.

Имено, на 12.02.2022, при пасошка контрола, било констатирано дека О.Б.(51) од Скопје, Т.Т.(28) од Скопје, Д.М.(28) од с.Тромеѓа, кумановско, Д.Г.(56) од Кочани М.П.(61) од Скопје приложиле фалсификувани ПЦР тестови. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 11 и 12.02.2022, при контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.П.(54) од Скопје, патничко возило „митсубиши“, управувано од З.Б.(26) од Струмица и возило комби, управувано од Ж.Г.(46) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Слични содржини