Принцот Хари го гледаше „Супербол“ од трибините, изненади кој седеше до него (ФОТО)

од Vladimir Zorba

ПРИНЦОТ ХАРИ не го пропушти финалето на американскиот фудбал и најгледаниот ТВ настан во светот, „Супербол“. Корисниците на Твитер го забележале на трибините, а со него била и неговата братучетка – принцезата Јуџини.

Двајцата беа видени како седат еден до друг на трибините. Извор изјави за Page Six дека сопругата на Хари, принцезата Меган Маркл, не била на „Супербол“.

На Твитер беше споделена фотографија од Хари и Јуџини.

„Кога световите ќе се судрат. Принцот Хари и принцезата Јуџини на Супербол“, напишаа на Твитер, а објавата привлече многу реакции.

„Хари? Не сум изненаден, но Јуџини?“, „Мило ми е што се дружат“, „Има смисол Јуџини да е со него. Одеше на двојни состаноци со Хари и Мега и единствена е која некогаш јавно ги поддржала“, „Браво за Јуџини. Хејтерите ќе доживеат нервен слом“, „Да беше Меган таму, хејтерите ќе се прашуваа кој се грижи за децата“, „Тоа значи дека Јуџини ги виде Арчи и Лили, „Кога нетоксични членови на семејството поминуваат време заедно“, коментираат твитерџиите.

Јуџини и Хари беа во опуштено издание. Таа носеше црна маица, јакна во иста боја и сини фармерки, а носеше и бејзбол капа. Хари носеше бела маица, црн кардиган и црни панталони. И двајцата носеа црни маски на лицата.

Слични содржини