САД испратија осум борбени авиони во Полска

од Берта Китинска
289 прегледи

Соединетите Американски Држави испратија осум борбени авиони Ф-15 во Полска додека кризата меѓу Украина и Русија е на врвот.

– Во базата во Ласк денеска слетаа неколку американски Ф-15 – напиша полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак, пренесува Би-Би-Си.

Осум авиони им се придружија на оние кои пристигнаа минатата недела, додаде тој.Во текот на викендот беше најавено дека САД наскоро ќе испратат уште 3.000 војници во Полска, а досега пристигнале околу 1.700.

Украинскиот претседател Зеленски денеска изјави дека одлуката на некои западни земји, вклучувајќи ги САД и Канада, да ги преместат своите амбасади од Киев во западна Украина е голема грешка.