ТРАГЕДИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Се судрија два воза кај Минхен, има загинати

од Берта Китинска
283 прегледи

Едно лице загина, а најмалку 30 се повредени во судир на два воза во близина на Минхен

Два регионални воза се судрија јужно од Минхен, соопшти полицијата, додавајќи дека едно лице загинало, а најмалку 30 се повредени.

Во краткиот извештај објавен на Твитер, полицијата во Минхен наведува дека судирот се случил во реонот на станицата Ебенхаузен-Шефтларн, која се наоѓа југозападно од главниот град на Баварија, пренесува Дојче веле.

На местото на настанот се многубројни служби за итна помош, има повредени, а оваа линија во моментов е целосно прекината“, се вели во твитот на полицијата.

Слични содржини