79 казни за непропуштање пешаци на пешачки премин

од Берта Китинска
369 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

При контролата санкционирани се 79 возачи, од кои 38 на територија на СВР Скопје, 13 на територија на СВР Тетово. При акциската контрола санкционирани се и 135 други видови на сообраќајни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли.

Од МВР апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Исто така, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Слични содржини