СПМ бара покачување на платите во полицијата и измена во ЗВР

од Берта Китинска
343 прегледи

Синдикат на Полиција во Македонија (СПМ), бара покачување на платите во полицијата. Тие велат дека покачувањето од 5% не е задоволително за полицијата.

-Трошоците на живот во јануари биле зголемени за 6,7 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 7,3 проценти, објави вчера Државниот завод за статистика.Одлично се расте во државата, цените растат до плафон само платата на „задоволната полиција“ на Министерот Спасовски стагнира во место. Да, 6 година е Министер за внатрешни работи и платите во Полицијата НЕ СЕ ПОКАЧЕНИ ни денар! Министре Оливер Спасовски: Зошто ги заборави полициските службеници. Дозволете да Ве потсетиме дека веќе неколку години наназад ја “создадовте” и секојдневно ја промовирате паролата „Задоволна полиција безбедни граѓани“. Одтука ќе Ве запрашаме како прв човек во Министерство за внатрешни работи дали и сега откако со твојот партнер од МПС се испофаливте дека ќе има „небесно“ покачување од 5% и понатаму сметате дека имате ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА, посочуваат до СПМ.

Тие појаснуваат дека предлагааат ново законско решение поради тоа што со досегашното Министерот за внатрешни работи било тоа кое одлучувало за платите во Полицијата што се покажа како лош пример..

-Со јавно објавување на вредноста на бодот како што е и пракса во повеќето институции ќе се тргне дилемата за тоа колку изнесува платата во Полицијата.Бараме и предлагаме вредноста на бодот за Полицаец навесто досегашните 29 денари , вредноста на бодот да изнесува 62 денари. Да направиме од професијата „Полицаец“ една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава. – зар ова не се Ваши зборови наш единствен и најдобар Министре Спасовски??? Еве како ќе ја направите вреднувана професијата ПОЛИЦАЕЦ, велат од Синдикатот.

Слични содржини