Фјучерсите на сурова нафта на европските берзи денеска остро паднаа кога Русија објави дека повлекла дел од војниците кои учествувале во воените вежби на границата со Украина.
На ICE Brent, априлските фјучерси се тргуваа за 94,07 долари за барел, што е намалување од 96,44 долари за барел вчера. Мартовскиот NYMEX WTI се продаваше за 92,80 долари за барел, од 95,46 долари за барел во понеделникот.
Руската армија денеска соопшти дека дел од војниците се вратиле во базите по завршувањето на воените вежби, а преговорите се очекува да продолжат и во текот на денот, откако германскиот канцелар Олаф Шолц пристигна во Москва на разговори со рускиот лидер Владимир Путин.