349
Портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ истакна дека за укинување на сертификатите може да се размислува само кога ќе се подобри епидемиолошката ситуација со ковид-19.
Тој рече дека омикрон е четврта варијанта на коронавирусот во земјава, а во светот активни се уште две во светот.
-Сертификатите не се во насока да се спречи трансмисија туку да се спречи пренесувањето на вирусот тие што немаат никаков имунитет. Оние кои не можат да докажат дека се вакцинирале или прележале ќе бидат заштитени да не може да влегуваат во простории кај што се во висок ризикза пренесување на вирусот. Кога нема да има виски бројки, тогаш ќе се размислува за укинување на сертификатите, кажа Мехмедовиќ.