„Рајанер“ го исмева Ѓоковиќ за изјавата дека не е антиваксер

од Vladimir Zorba
290 прегледи

По интервјуто со Новак Ѓоковиќ за Би-Би-Си, во кое тој посочува дека не е антиваксер, туку дека принципите на донесување одлуки за сопственото тело се поважни од која било титула, дел од странската јавност побрза да му закачи титула „анти-ваксер“.

Ниту ирската компанија „Рајанер“ не одолеа, па по интервјуто на Новак на социјалната мрежа Твитер објави:

„Ние не сме авиокомпанија, туку летаме со авион“, напишаа од оваа компанија и јасно го именуваа Новак, алудирајќи на изјавата дека тој не е анти-ваксер, туку дека нема да се вакцинира.

Новак Ѓоковиќ претходно денеска на социјалната мрежа Твитер објави линк до интервјуто и испрати порака.

„Благодарен сум за можноста да одговарам на прашања и да ги ставам работите на свое место. Им благодарам на моите фанови, кои ме поддржуваа во последните неколку недели. Го ценам вашето трпение“, напиша Ѓоковиќ.

Слични содржини