Откриени детали: Спречено апсење на Роналдо

од Nikola Popovski
395 прегледи

Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо бил на работ да биде уапсен, но тоа било спречено во последен момент.

Полицијата сакала да го уапси во 2009 година кога бил обвинет од Кетрин Мајорга дека ја силувал во хотелска соба, пренесува британски „Дејли Мејл“.

Мајорга го обвинила дека ја силувал по едно излегување, но обидот на полицијата да го приведе бил спречен од обвинителот Кларк Стив Волфсон, кој одбил да издаде налог.

Обвинителот оценил дека нема доволно докази за тоа, дека предметот е застарен и го затворил.

Таа вечер Мајорга излегла со другарките во истиот клуб со другарите каде бил и Роналдо, па завршиле во џакузито во хотелската соба.

Роналдо тогаш наводно и платил на девојката 373.000 долари за да ја премолчи целата ситуација, но девет години подоцна таа дошла на идеја да го тужи и да бара отштета од 76.000.000 долари.