Арсовски и Хоџа: На седница на Влада немаше точка за презентерката Ејупи

од Берта Китинска
397 прегледи

Владините портпароли Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес-конференција не потврдија дали Владата на затворениот дел од вчерашната седница одлучила Бесмира Ејупи да биде назначена за генерален конзул во Њујорк, САД.

-На отворената седница на Владата немаше точка со ова кадровско решение, рече портпаролот Душко Аврамовски во одговор на новинарско прашање дали на вчерашната затворена седница на Владата поминало кадровското решение Бесмира Ејупи да биде назначена за генерален конзул во Њујорк.

На прашањето дали луѓето како Ејупи кои ги праќаме за генерални конзули ги исполнуваат квалификациите кои се бараат од нив, портпаролот Хоџа рече дека на вчерашната владина седница не е дискутирано по ова кадровско прашање.

Според информациите во медиумите синоќа владата на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, го утврдила предлогот Ејупи да биде пратена за македонски генерален конзул во Њујорк.

Слични содржини