Бесими: Како и сите граѓани чувствувам дека цените на производите се зголемени

од Nikola Popovski
284 прегледи

Министерот за финансии, Фатмир Бесими вели дека ги чувствува зголемените цени на производите, како и сите граѓани.

-Пазарам во сабота и гледам дека цените се зголемени. Се забележува разликата во цените во супермаркетите, но исто така можам да кажам дека ефект дава и замрзнувањето на основните прехранбени производи, вели Бесими во емисијата „Топ тема“.

Според него, очекувањата се дека во втората половина од годината ќе се стабилизираат цените.

-Кај нас инфлацијата е увезена од тоа што се случува со цените на енергенсите на светско ниво, информира Бесими.

Слични содржини