Замрзнатите цени завршуваат, ќе се ограничат профитните маржи на странските производи

од Берта Китинска
247 прегледи

Иако се зголеми минималната плата, се зголемија и трошоците за живот.

И покрај замрзнувањето на цените на основните производи, во трговијата може да се наиде на голем раст на цените. Ѓеврекот кој беше од 15 денари поскапи на 20 денари, зејтинот 115 денари, краставици кг 230 денари….

На 1 март истекува рокот на траење на владината мерка за замрзнати цени на лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, млекото, месото, млечните производи, оризот, јајцата и тестенинините, на ниво на цената од први декември. Владата ќе се обиде да спречи зголемување на цените со утврдување на маржите во трговијата на големо и мало.

Министерот за економија, најави дека, следните две недели ќе има средби со сите засегнати страни, посебно со производителите и трговците со прехранбените производи, за да се најде начин да нема зголемување на цените.

Слични содржини