335
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше задоволен од резултатот, но не целосно од играта во победата од 2-0 како гостин на Интер во првата 1/8-финална пресметка од Лигата на шампионите.
Според Германецот, италијанскиот шампион бил тежок противник.
„Моравме да постигнеме резултат и го направивме тоа. Не може да се оди против Интер и да се очекува лесен натпревар. Немавме одличен ден, но бевме доволно добar за да победиме. Постигнавме два одлични гола“, изјави Клоп и додаде:
„Не ми се допадна нашата игра во одбраната. Честопати се наоѓавме во ситуација еден на еден. Тоа не е добро. Генерално сум задоволен од се освен од повредата на Диого Жота. За среќа, не е сериозна“, изјави тренерот на „црвените“.