Рецепт: Посни полнети пиперки за почетници

од Vladimir Zorba
797 прегледи

Состојки:

1 китка млад кромид
200 грама ориз
1 мал компир
2 средни моркови
масло, бибер сол
4 чешниња лук
1 кафена лажичка црвен пипер
200 мл варени домати
пиперки свежи или замрзнати
1 домат за покривање на пиперки или листови од компир

Подготовка:

Кромидот, морковот и компирот ситно исечкајте ги. Добро измијте го оризот. На масло се пржат кромидот и морковот, се додаваат измиениот ориз и сечканиот компир.

Додадете сечкана пиперка и сечкан лук, мелениот црвен пипер, сечкан лист магдонос, измешајте по желба и наполнете ги пиперките.

Покријте со листови од компир или домат. Се редат во подмачкана тава. Прелијте ги со варените домати и премачкајте ги пиперките со масло.

Се пече на 250 степени.

Покријте со фолија најмалку 30 минути, а потоа откријте додека пиперките заруменат.

Пријатно!

Слични содржини