Десната рака на Ворен Бафет ги опиша криптовалутите како „венерична болест“

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Инвеститор, милијардер и потпретседател на „Беркшир Хатавеј“, познат и како десната рака на Ворен Бафер – познатиот Чарли Мангер го повтори својот исклучително милитантен став кон криптовалутите, што уште еднаш ги разбранува духовите.

Зборувајќи со презир за виртуелните пари, Мангер беше цитиран од „Money Control“ дека главната употреба на оваа „очигледна модерност“ е ограничена на „изнуда, киднапирање и даночно затајување“. Всушност, доколку зависи од него, Мангер веројатно би направил се за да ги забрани криптовалутите.

Тој се восхитува на Кина што ги забранува криптовалутите. Во исто време, тој призна дека САД направиле грешка што дозволиле виртуелните пари слободно да растат. Горд што тој самиот никогаш не инвестирал во криптовалути, Мангер ги опиша криптовалутите како „венерична болест“.

Аверзијата и презирот на Мангер кон криптовалутите не е ништо ново. Минатата година, за време на состанокот во „Беркшир Хатавеј“, тој забележа дека „го мрази успехот на биткоинот“, гледајќи го како бескорисна класа на средства што нема никаква друга вредност освен шпекулации.

„Мислам дека целата оваа проклета работа е одвратна и спротивна на интересите на цивилизацијата“, продолжи Мунгер.

За колебањата дали САД ќе создадат дигитален долар, бизнисменот е категоричен: „Федералните резерви може да имаат валута ако сакаат. Веќе имаме дигитална валута, се вика банкарска сметка. Сите банки се интегрирани во системот на Федералните резерви“.

Легендарниот инвеститор се осврна и на инфлацијата: „Флертуваме со сериозни проблеми. Ова е веројатно начинот на кој умираат демократиите. Ова е огромна опасност“.

Мангер, исто така, истакна дека хиперинфлацијата е главната причина за колапсот на Римската империја и потсети дека печатењето премногу пари води до „страшни проблеми“.

Слични содржини