Погба беше подготвен да слуша понуди и од други клубови од Премиер лигата

од Vladimir Zorba
307 прегледи

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба е подготвен да слушне понуди и од другите премиерлигаши по истекот на неговиот договор со „црвените ѓаволи“.

Остануваат уште пет месеци до крајот на договорот на Французинот со клубот од „Олд Трафорд“, а во моментов нема индиции дека повторно ќе потпише.

Досега се зборуваше дека Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Барселона и Јувентус се најверојатните дестинации на Погба доколку навистина реши да го напушти Јунајтед.

Според „Телеграф“, сепак, Французинот е отворен за можноста дури и да остане во Премиер лигата, но да игра за друг клуб. Погба сака да ги истражи апсолутно сите можности пред да донесе конечна одлука за својата иднина.

„Дејли Мејл“ додава дека градскиот ривал Манчестер Сити би можел да се обиде со ваков сензационален трансфер. „Фудбал Лондон“ пак тврди дека со понуда може да се вклучи и Арсенал, бидејќи откако се ослободија од платата на Пјер-Емерик Обамејанг, „топџиите“ можат да си дозволат играч со толку висока плата“, на која инсистира Погба.

Слични содржини