Американскиот претседател Џозеф Бајден предупреди дека постои голема опасност од руска инвазија на Украина во наредните денови.
„Имаме причина да веруваме дека тие се вклучени во операцијата „Лажно знаме“ како изговор за влез во Украина“, рече американскиот лидер.
Коментарите на Бајден доаѓаат неколку дена откако Русија објави дека ги повлекува војниците од Белорусија и Крим.
Обраќајќи им се на новинарите додека ја напушташе Белата куќа, Бајден рече дека има „сите индикации дека Русите се подготвени да ја нападнат Украина“ и дека тој не планира да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.
Претходно портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека нова средба меѓу рускиот и американскиот претседател се уште не е на дневен ред.