Рамадани: Не сакам да верувам дека Ејупи требала да биде испратена во Њу Џерси

од Nikola Popovski
339 прегледи

Не сакам да верувам во тоа, но треба да им се верува и на новинарите. Затоа е јавноста тука, да алармираат и да бидат чувар на јавниот интерес. Ние сме во позиција сега да веруваме на тоа што е официјално, а дека уште трае мандатот на конзулот Панов. Не знам дали да коментираме шпекулација или официјално соопштение, вели политичкиот аналитичар Исмет Рамадани за шпекулацијата дека тв-презентерката Бесмира Ејупи била предлог на Владата за нов конзул на Македонија во Њу Џерси, САД.

Според него, општа констатација е дека додека не се договорат партиите меѓу себе нема кандидати за амбасадори и конзули.

-Не се чувствувам добро околу тоа. Денес транспарентно во јавноста се знае. Тој начин на бирање не е проблем само на оваа власт. Корените се одамна, рече Рамадани во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Слични содржини