Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ ја остави отворена можноста во иднина да се вакцинира.
Говорејќи синоќа на „РТС“, тој објасни дека „во моментов одлучил да не го прави тоа“, но и дека „остава простор“.
Тоа не значи дека тој никогаш нема да прими вакцина против коронавирус, но сега повтори дека е подготвен да ги сноси последиците од тоа што не е вакциниран.
„Воспитан сум и израснат во дом, во култура каде се вреднуваат искреноста и отвореноста. Постапив во согласност со тие вредности, свесен сум дека пред да заминам за Австралија се шпекулираше дека не сум вакциниран поради некои интервјуа. Се обидов ставот за вакцинација да го задржам за себе. Не мислев дека ќе морам да зборувам за да можам да играм тенис. Тоа е законско право. Кога заминував за Австралија, решив да го објавам. Сакав да бидам транспарентен, беше неизвесен мојот претстој таму, но не се каам. Дали ќе изгледаше поинаку да не го направев тоа? Не знам“, изјави Ѓоковиќ.
Набрзо доби директно прашање дали ќе се вакцинира.
„Имам отворен ум. Се е можно, ќе видиме како ќе се развива ситуацијата. Во моментов решив да ги сносам последиците, подготвен сум на тоа како што ја признавам секоја грешка. Тоа е одлуката ја донесов свесно и независно“, рече Новак.
Тој потсетува дека би сакал да настапи на многу турнири, но свесен е дека тоа не зависи од него, туку од правилата на земјите во кои се играат турнирите.
„Имам голема желба да учествувам на грен слемовите и на големи АТП турнири. Правилата постојано се менуваат, јас сум со отворен ум и се обидувам да ја разберам пандемијата и борбата против вирусот како и сите граѓани на светот. Сакав тројно да се промени она што го внесувам во моето тело, бидејќи во тенисот секоја промена може да предизвика позитивни и негативни работи. Што се однесува до учеството на турнирите, јас сум подготвен и желен да ја продолжам тениската кариера“, јасен е Ѓоковиќ.