566
Мали слатки закуски со кафе или чај.
Состојки:
– 500 гр урми
– 120 мелени ореви
– 3,5 дл топла вода
– 50 гр кокосово брашно
– 1 лажичка цимет
И уште нешто…
– какао или кокос, или и двете, за декорација
Подготовка:
Урмите крупно исечкајте ги и потопете ги во топла вода. По неколку минути исцедете ги. Ако се свежи, не е неопходно да се прави тоа.
Урмите испасирајте ги со миксер.
Додадете мелени ореви, кокосово брашно и цимет. Со лажица соединете ја масата, направете топчиња, а потоа валкајте ги во какао или кокос.
Изладете ги топчињата во фрижидер да се стегнат убаво, ставете ги во хартиени корпи по желба и послужете.
Добар апетит!