Блинкен: Русија подготвува изговор за напад на Украина

од Milan1
246 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен предупреди дека руските сили се подготвуваат да ја нападнат Украина во наредните денови, објави Гласот на Америка во четвртокот навечер.

За време на седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина, Блинкен изјави дека Русија планира да формулира изговор за напад на Украина, кој, како што рече, може да вклучува вистински или лажен напад со употреба на хемиско оружје.

„Тоа може да биде означено како етничко чистење или геноцид“, рече американскиот државен секретар за време на говорот во ОН.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин ги повика членките на Советот за безбедност на ОН да не ја претвораат седницата во циркус, со како што рече, „Изнесување неосновани обвинувања дека Русија наводно ќе ја нападне Украина. Имаше доволно шпекулации за тоа. Долго време испраќавме објаснувања за се“, рече Вершинин.

„Сценаријата за милитаризација што ги претстави Блинкен се опасни и за жалење. Дел од руските воени сили се враќаат во базите“, рече тој.

Зборувајќи за руското етничко малцинство кое живее на истокот на Украина, тој истакна дека овие луѓе се чувствуваат како странци во својата земја, тврдејќи дека тие се цел на украинската армија, додава „Гласот на Америка“.

„Ќе се згрозите од документацијата што ќе ја доставивме“, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи, без да даде повеќе детали.

Слични содржини