Норвешка освои рекордни 15 златни медали на Зимските игри

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Со победата на Јоханес Тингнес Бое во биатлон трката на 15 километри (со масовен старт), Норвешка стигна до рекордниот 15-ти златен медал на Олимписките игри во Пекинг и со тоа стана првата земја што го направила тоа на едни зимски игри, пренесува Ројтерс.

Норвежаните освоија 14 златни медали во Пјонгчанг пред четири години, рекорд што го споделија со Германија, која исто така освои 14 злата во Јужна Кореја и со Канада, која тој успех го постигна во 2010 година во Ванкувер.

По триумфот на Бое, Норвежаните стигнаа до рекордното 15-то злато во Пекинг, како и шесто во биатлон. Тие освоија четири во крос-кантри скијање, две во нордиско комбинирано и по една во брзо скијање, скијачки скокови и скијање во слободен стил.

Слични содржини