Владата да замине час поскоро за да им тргне на граѓаните и на државата, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по денешната средба со градоначалникот на општина Тетово и лидер на партијата БЕСА, Биљал Касами.
Според Мицкоски, тие имале исклучително конструктивен состанок.
„Имавме навистина исклучително конструктивен состанок. Разговаравме на актуелните теми кои што ги мачат сите граѓани во Македонија, разговаравме за актуелната политичка и економска ситуација, како што кажа градоначалникот зборувавме за предизвиците со енергетската криза. И навистина дојдовме до еден заеднички заклучок, а тоа е и практично заклучокот на огромно мнозинство граѓани, би рекол повеќе од две третини дека државата оди во погрешен правец, дека Македонија се движи во погрешен правец и дека оваа влада треба час поскоро да замина за да и тргне на Македонија и на граѓаните од Македонија без разлика дали се тоа граѓани на Скопје, Штип, Тетово, Гостивар, Струга или Струмица“, истакна Мицкоски.