Остануваме со заложбата дека пензионерите треба да добиваат поголеми пензии и треба да бидеме солидарни кон сите пензионери, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во изјава после средбата со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери.
Според него, тие кои што имаат најниски пензии, треба да добиваат повисоки пензии, но и тие со највисоки пензии треба да го добијат тоа што им припаѓа.
-Низ дијалог се што е возможно ќе се направи. Сепак не сакам да прејудицирам со исходот. Само во јануари имаме усогласување на пензиите по три посто, на просечна пензија тоа е 478 денари зголемување, но не се застанува тука, појасни Битиќи.
Тој додаде пензионерите се сакаат и грижат за татковината.
-Тие не сакаат Пензинскиот фонд да биде нестабилен. Никој од нив не сака 50% поголеми пензии во моментов, ова е разумност. Вака треба да се креира социјален дијалог. Сите да го следат примерот. Кога даваме решенија, да останеме на тлото со решенија кои значат љубов за нашата земја, додаде Битиќи.