На маргините на Минхенската безбедносна конференција, во тек е средба на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков.
На средбата во насока на продолжување на политичкиот дијалог воспоставен меѓу двете Влади присуствуваат и заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Присутните изразија задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа.
Двајцата премиери ја оценуваат како позитивна работата на експертските групи и остварената непосредната комуникација и секторската соработка како ефективен метод за продлабочување на односите и подигање на нивото на политички дијалог, и изразија надеж дека соработката и дијалогот носат најголеми придобивки за граѓаните и водат до решенија и до заедничка европска иднина.