Новак „проговори“ кинески и предизвика ерупција од воодушевувања (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
554 прегледи

При посетата на ЕКСПО во Дубаи, Новак Ѓоковиќ со еден потег предизвика вистинска експлозија од воодушевувања кај љубителите на „белиот спорт“.

Моментално светскиот рекет број 1 на планетата е во Дубаи, каде за прв пат во 2022 година, по хаосот во Австралија и депортацијата пред Австралија опен, ќе игра на едно официјален турнир.

По тој повод Новак гостуваше на ЕКСПО каде го посети српскиот павилјон и им даде можност на присутните новинари да му поставуваат прашања.

Кога новинар од Кина се јави за едно прашање, Ѓоковиќ откако го зеде микрофонот предизвика ерупции од задоволство кај присутните со кратка порака на кинески.

Тој потоа истакна дека му недостига Кина:

„Таму сум неколку години по ред, секогаш беше одлично да се игра во Пекинг, Шангај, меѓу најдобрите турнири во светот. Знам колку луѓе во Кина го сакаат тенисот и каква традиција на спортови во рекет. Мило ми е што имам поддршка таму и се надевам дека наскоро ќе се видиме во Кина“, изјави Ѓоковиќ.

Слични содржини