Ковачевски се сретна со Ѓукановиќ

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Премиерот на С.Македонија, Димитар Ковачевски оствари средба во Минхен со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Се радувам на средбата со Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Пријателството меѓу Северна Македонија и Црна Гора се потврдува и преку сојузништвото во најголемиот безбедносен сојуз, НАТО, за што сме особено горди и јас и Мило, сподели премиерот.