„ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжи со своето срамно и недолично однесување, со викотници и расправии повторно ја блокира постапката за донесување на предлог законот за наставници и стручни соработници“, велат од СДСМ.
Од СДСМ истакнуваат дека ВМРО-ДПМНЕ спречува покачување на платите на 27.000 наставници и стручни соработници и дека спречува трансформација на работниот однос од определено на неопределено време на 4.700 вработени во училиштата, кои не можат да го регулираат работниот однос бидејќи предаваат во повеќе училишта или предаваат изборни предмети.
Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ речиси цела година го кочи предлог законот за наставници и стручни соработници.