„Пријатели на Европа“ го избраа Николски како еден од 40 највлијателни личности под 40 години во Европа

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Бриселската „Пријатели на Европа“ („Friends of Europe“) го избра Александар Николоски како еден од 40 највлијателни личности под 40 години во Европа.

Еве што за изборот на Александар Николоски напишаа, цитиарни од ВМРО-ДПМНЕ, напишаа од „Пријатели на Европа“:

„Пратеникот во Собранието на Република Македонија, Александар е потпретседател на најголемата опозициска партија во земјата ВМРО-ДПМНЕ. Посветен на справување со корупцијата и настојување за членство на Македонија во ЕУ, тој е претседател на Националниот совет за европска интеграција, во која улога ги олеснува разговорите за пристапување на земјата во ЕУ. Александар е заменик-претседател на групата на Европската народна партија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), каде што е и член на Комитетот за правни прашања и човекови права. Тој претходно беше потпретседател на ПССЕ, како и прв потпретседател на Комитетот за политички прашања и демократија, како и на Комитетот за следење. Пред неговото влегување во политиката, Александар беше секретар на ФРЕСТА, програма предводена од данското Министерство за надворешни работи за промовирање на заедницата на невладините организации и меѓуетничкиот дијалог во југоисточна Европа“.

„Пријатели на Европа“ е непрофитен тинк-тенк со седиште во Брисел за анализа и дебата на политиките на Европската унија. Организацијата, основана во 1999 година, нема политичка или национална приврзаност и е независна од институциите на ЕУ. Нејзината декларирана цел е да поттикне отворена дискусија и да стимулира ново размислување за прашањата со кои се соочува Европа и нејзините граѓани.

Слични содржини