Грин ограбен за време на Супербол, нанесена штета од повеќе од милион долари?

од Vladimir Zorba
390 прегледи

Дрејмонд Грин, како и многу спортски фанатици, присуствуваа на финалето на сезоната на НФЛ минатиот викенд, на судирот меѓу Лос Анџелес Рамс и Синсинати Бенгалс.

Додека беше на стадионот СоФи во Лос Анџелес, сепак, неговиот дом во истиот град беше ограбен.

Според полицискиот извештај, крадците го пробиле прозорецот и украле многу скапи часовници, накит и друг имот. Наводно, вредноста на украдените работи надминува еден милион долари.

Грин викендов е во Кливленд каде се одржува Ол Стар викендот, тој беше избран од тренерите, но нема да игра поради повреда.

Слични содржини