Рецепт: Мини палачинки со јаболка

од Vladimir Zorba
366 прегледи

Мини палачинки со јаболка за совршен почеток на денот:

Состојки:

– 2 јајца

– 2 помали јаболка

– 80 гр јогурт

– 2 лажици масло

– 1 ванилин шеќер

– 1 лажичка прашок за пециво

– 150 гр брашно

– цимет по желба

– Малку сок од лимон

– шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Јаболкото излупете го, ситно изрендајте го и додадете сок од лимон.

Изматете ги белките во цврста смеса.

Рачно измешајте ги жолчките, јогуртот, ванилиниот шеќер и јаболкото, па додадете го брашното и циметот.

Потоа додадете ги белките и нежно измешајте. Оставете ја смесата да отстои 15 минути.

Загрејте ја тавата и ставете многу малку масло и една лажица, не повеќе, од смесата.

Пржете ги малите палачинки додека убаво не поруменат од двете страни.

Послужете ги посипани со шеќер во прав или украсете по желба.

Добар апетит!