НБА асовите приредија вистински спектакл на овогодинешниот Ол-стар натпревар во Кливленд, 75-ти по ред.
Натпреварот на најдобрите играчи од најсилната лига на светот отсекогаш привлекувал многу познати лица и легенди, а така беше и сега.
Од првите редови триумфот на тимот на Леброн Џејмс над избраниците на Кевинд Дурент (163:160) го следеше славниот Мајкл Џордан.
Интересно е што поранешниот ас на Чикаго Булс го привлече вниманието на јавноста поради начинот на кој му пристапи на словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ за да се поздрави. Џордан му се „прикраде“ на асот на Далас Маверикс и го прегрна, додека Лука беше изненаден од гестот на легендарниот играч.
Секако дека беше задоволен, а потоа накратко разговараше со него.
🌟 @luka7doncic and Michael Jordan at #NBAAllStar! pic.twitter.com/v89Y4tTrtR
— NBA (@NBA) February 21, 2022
– Тоа е неверојатно. Не знам како да го објаснам тој момент. Просто е неверојатно… Мајкл Џордан го знае моето име, тоа многу ми значи. Тоа е неверојатен момент, немам зборови да го објаснам, изјави Дончиќ по натпреварот.
Дончиќ, инаку, немаше голем придонес за победничкиот тим на овој меч, откако постигна само 8 поени.