МНР однапред исплати три плати и кирии за амбасадорите во Украина

од Берта Китинска
219 прегледи

МНР однапред за три месеци ги исплатило платите на вработените, односно за дипломатите во македонската амбасада во Украина како и киријата, поради страв од евентуално крахирање на тамошниот финансиски систем, информираше денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Дадовме однапред плата за три месеци за амбасадорите, за кирија, за да не остане амбасадата без средства доколку банките таму затворат, рече денеска Османи.
Османи потврди дека семејствата на двајцата македонски дипломати во Украина се повлечени.

Засега остануваат 30 набљудувачи во рамки на специјална мониторинг мисија на ОБСЕ, иако некои земји веќе ги имаат повлечено или дислоцирано на побезбедна локација.

Слични содржини