Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска кажа дека Петри Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу, не е негов предлог за да се испрати како конзул во Чикаго.
– Според закон, седницата е доверлива, не можам да коментирам дали имало само расправа, но не и одлука. Се додека не се добие агреман од земјата каде што се упатува, таа не се објавува во јавноста, рече министерот.
Муслиу бил предложен на 20 декември 2019, а работно бил ангажиран како програмски менаџер и советник во Владата.
– Петрит Муслиу е предложен во 2019, една година пред да дојдам јас како министер за надворешни работи, но јас го упатив. Тој е дипломиран правник и магистар по меѓународно право,советник во владата за спроведување на Рамковниот договр, изјави Османи.