Петровска: Земјите членки на НАТО упатуваат повик за дипломатско решение, но потребно е и да се биде подготвен

од Берта Китинска
165 прегледи

Во НАТО нема членки од прв или втор ред и ако сте членка на НАТО треба да го кажете својот став бидејќи во спротивно излегува дека немате став, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Петровска пренесува дека ставот на Алијансата е дека нема да бидат вклучени војници на НАТО во земја која не е членка на НАТО туку дека се преземаат мерки за заштита на земјите кои се членки на НАТО.

-Алијансата и земјите членки упатуваат повик за дипломатско решение, но потребно е и да се биде подготвен. Во Македонија не е подигната борбената готовност, а тоа се прави со указ на претседателот како врховен командант, појаснува министерката за одбрана, вели министерката.